Симболично, свечено во понеделник почна изградбата на хотелот „Double Tree" од синџирот хотели „Хилтон", на брегот на реката Вардар во Скопје, за кој инаку веќе се изградени подземните нивоа. Но, сопственикот на хотелот, Ајдован Адемоски, кој веќе го поседува хотелот „Stone Bridge" во Скопје, со премиерот Никола Груевски, неколку министри, градоначалникот на Општина Аеродром, претставници на „Хилтон", амбасадорот на Турција, како и заменик-амбасадорот на САД, свечено го означија почетокот на градба на хотелот, која треба да заврши до крајот на следната година. Се очекува хотелот да почне да работи во 2016 година, а ќе располага со четири конференциски сали, една банкет-сала, 172 елитни соби, 20 апартмани, голем спа центар и други содржини. Хотелот ќе нуди врвна, висококвалитетна туристичка услуга за сите гости.
Симболично, свечено во понеделник почна изградбата на хотелот „Double Tree" од синџирот хотели „Хилтон", на брегот на реката Вардар во Скопје, за кој инаку веќе се изградени подземните нивоа.
Но, сопственикот на хотелот, Ајдован Адемоски, кој веќе го поседува хотелот „Stone Bridge" во Скопје, со премиерот Никола Груевски, неколку министри, градоначалникот на Општина Аеродром, претставници на „Хилтон", амбасадорот на Турција, како и заменик-амбасадорот на САД, свечено го означија почетокот на градба на хотелот, која треба да заврши до крајот на следната година.
Се очекува хотелот да почне да работи во 2016 година, а ќе располага со четири конференциски сали, една банкет-сала, 172 елитни соби, 20 апартмани, голем спа центар и други содржини.
Хотелот ќе нуди врвна, висококвалитетна туристичка услуга за сите гости.
„Овој „Хилтон ќе има околу 170 соби, четири конференциски сали, банкет сала, околу 2.000 квадрати спа центар, кафе-барови и други содржини, кои ќе го красат овој хотел еден од најпрестижните во Македонија. Ќе добиеме персонал што ќе биде едуциран по стандардите на „Хилтон" на светско ниво", рече Адемоски.
„Хилтон" има над 3.900 хотели во над 90 земји, а уште 1.000 други хотели ќе се отворат во следните две до три години.
„Новата инвестиција изнесува околу 30 милиони евра и предвидува изградба на хотел на површина од околу 20 илјади метри квадратни... Многу содржини коишто ќе дадат еден нов квалитет на овој вид бизнис во Македонија. Како што ми беше пренесено, хотелот се планира да заврши на есен следната година кога градот Скопје ќе се приклучи на синџирот градови кои го имаат овој познат светски бренд хотели", рече премиерот Груевски во своето обраќање.
Гостите на Double Tree by Hilton во Скопје ќе уживаат во голем број поволности, вклучувајќи и ресторан, два бара и надворешна тераса. ДОполнително, центарот за здравје и спа центарот ќе овозможат повеќе од 900 метри квадратни простор за вежбање, релаксација и опуштање со турски бањи, соба за третмани, фитнес сала и базен. Центарот за здравје и спа центарот истовремено ќе нудат и членство за локалните жители.